Струга Трим Лум повторно наликува на шампионски тим, и тоа е заслуга на Илчо Ѓорѓиоски. Тој успеа да ги намести коцките во мозаикот, а нема сомнение дека стружани според индивидуалците го имаат можеби и најдобриот тим во Првата лига.
По триумфот над Шкендија во Купот, тимот на Струга Трим Лум оствари уште една важна победа на гости, совладувајќи го Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ со 0-1.
Струга ТЛ имаше контрола над играта, покажа цврстина пред сопствениот гол, а успеа да го валоризира поседот со еден постигнат погодок кој беше дело на Хоган Укпа. Доволно за триумф и три бода, но и за враќање во трката за излез во Европа и преку шампионатот.
МАКФУДБАЛ го избра Илчо Ѓорѓиоски за најдобар тренер на 27.коло во Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













