Connect with us

МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)

По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст бедем во одбраната, многу борба, трчање и храбра игра, со напомена да се искористи и сѐ она што ќе се создаде како можност пред голот на противникот.

Гоце Седлоски смисли одличен план како да ги освои трите бода во Тетово, Шкендија исто така му помогна со грешките што ги направи во клучните моменти, и на крајот Вардар оствари огромен триумф во битката за титулата и се искачи на првото место.

МАКФУДБАЛ го избра Гоце Седлоски за најдобар тренер во 10.коло од Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови