
Брера е хит на стартот од сезоната. По првите три кола има максимални девет бода и според прикажаните игри, апсолутно ги заслужи.
Струмичкиот тим во ова коло успеа да го победи актуелниот шампион Струга ТЛ на гости со 1-2 и покажа дека има квалитет и за највисоки дострели.
Најзаслужен за тоа секако е тренерот Џовани Валенти. Тој е првиот италијански стратег кој дојде да работи во Првата македонска лига и веднаш покажа дека неговото CV во кое се наоѓаат клубови како Парма и Јувентус воопшто не е случајно, иако досега работел само во младинските категории.
Брера е негов прв сениорски проект и засега е навистина успешен.
Џовани Валенти избран за МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на третото коло во Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.


-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Дембеле веќе размислува и за заминување од ПСЖ?

Евро-фудбал
Кејн урива рекорди во Баерн Минхен

Интернационалци
Трајковски со триумф дебитираше за Хајдук (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сасуоло го сопре налетот на Јувентус (ВИДЕО)
