Академија Пандев ја оствари првата пролетна победа (2-1) совладувајќи ја Македонија ЃП на домашен терен. Овој значаен триумф за „пандевци“ доаѓа по ремито со Шкупи во Скопје и е најава дека тимот од Струмица има квалитет и капацитет брзо да ја напушти опасната зона на табелата.
По „снежниот“ пораз (0-1) од Работнички на стартот на пролетта, тимот што го предводи Александар Васоски сега делува многу подобро. За кус период се гледа „раката на Тетовче“.
Офанзивно, агресивно, напаѓачки, но сепак, мудро и не е безглаво. Тимот добива физиономија и стил на игра што ќе треба да се надградува на наредните натпревари. Александар Васоски за триумфот над Македонија ЃП го заслужи изборот на МАКФУДБАЛ за најдобар тренер во 21.коло во Првата фудбалска лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













