Заврши една од најтешките сезони, спортистите имаа сериозен противник и во Ковид-19, но најдобрите секогаш издржуваат и на крајот – победуваат. Шкендија го освои шампионатот, Шкупи, Струга Трим Лум и Силекс (како освојувач на Купот) ќе играат на европска сцена, а сега е време за одбележување на тие што покажаа најмногу.
МАКФУДБАЛ го издвојува ТИМОТ НА СЕЗОНАТА 2020/21.
- ГОЛМАН – КРИСТИЈАН НАУМОВСКИ (ШКУПИ)
Шкупи прими најмалку голови (24) оваа сезона заедно со Струга Трим Лум, а Кристијан Наумовски беше еден од најзаслужните за тоа, одлично го чуваше голот на тимот од Чаир. Во изборот на МАКФУДБАЛ, тој во тесна победи пред Костадин Захов и пред Ристе Јанков, и се најде во ТИМ НА СЕЗОНАТА.
2. КОСТАДИН ЗАХОВ (ШКЕНДИЈА)
3. РИСТЕ ЈАНКОВ (РАБОТНИЧКИ)
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski