Connect with us

МАКФУДБАЛ – ТИМ НА 7. КОЛО!

Тетовска Шкендија веќе сериозно се издвојува на врвот од табелата по победата во седмото коло на гостувањето против Пелистер во Битола. Неколку екипи, пак, се обидуваат да бидат конкурентни на тетовци, меѓу кои сега се вклучува и Струга Трим Лум по триумфот против Шкупи. Академија Пандев, се чини, стартува со позитивно враќање на прволигашката сцена по победата против Силекс.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 7. коло од сезоната 2020/2021 во Првата македонска фудбалска лига:

1. РИСТО ЈАНКОВ (РАБОТНИЧКИ)

Беспрекорен на голот на „романтичарите“. Клучната фигура која со одлични интервенции извлече бод за Работнички од гостувањето против Борец.

2. ГОРАН СИЛЈАНОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)

Максимално борбен, вистински контролор на одбраната но и играта во средниот ред каде во суштина се кршеше резултатот на мечот во Велес.

3. ЈАСМИН МЕЦИНОВИЌ (СТРУГА ТЛ)

Одлична игра на централниот дефанзивец. Одбраната на стружани имаше сериозна задача да ги контролира нападите на Шкупи и успешно ја заврши.

4. СТОЈАН СТОЈЧЕВСКИ (БОРЕЦ)

Веќе во континуитет столб на одбраната на велешани. Така и на натпреварот против Работнички во кој максимално сигурно ја контролираше дефанзивата.

5. НИКОЛА РИСТЕСКИ (БОРЕЦ)

Квалитетна партија на крилниот дефанзивец на велешани. Цврст, сигурен и во средниот ред, максимално борбен и во одбраната.

6. НИЈАС ЛЕНА (СТРУГА ТЛ)

Творецот на победата на стружани против Шкупи. Ги постигна двата погодоци во победата од 2-0 на неговиот тим.

7. ФИЛИП ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Луциден кога беше неопходно, стрелец и на еден погодок во важната победа на Македонија ЃП на гостувањето против Ренова.

8. ВАЛОН АХМЕДИ (ШКЕНДИЈА)

Веќе во континуитет моторот на екипата на Шкендија, кога се работи за офанзивата. Постигна и евро-гол од слободен удар со кој го најави враќањето во игра на тетовци по негативата на дуелот со Пелистер.

9. МАРТИН МИРЧЕВСКИ (ВАРДАР)

Потврдува на секој нов натпревар на Вардар дека ќе биде големо засилување за тимот. Го постигна и својот првенец во првенството во црвено-црниот дрес како најава за победата над поранешниот свој тим, Беласица.

10. ЉУПЧЕ ДОРИЕВ (ШКЕНДИЈА)

Игра во одлична форма на стартот од сезоната. Така беше и во Битола сето тоа потврдувајќи го и со прекрасен погодок за Шкендија.

11. КИРЕ МАРКОСКИ (АК. ПАНДЕВ)

Смирен, сигурен во последните минути од средбата кога беше неопходно да погоди од пенал за триумф на „пандевци“ против Силекс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови