Connect with us

МАКФУДБАЛ – Тим на 31. коло!

Во изминатово 31. коло од Првата македонска фудбалска лига некако почнува да се кристализираат ситуациите околу европската битка и онаа за опстанок во шампионатот. Веќе е јасно дека Победа се движи кон Втората лига, а меѓу Силекс и Беласица ќе се бара новиот второлигаш. Академија Пандев со триумфот над Работнички веќе е сигурен на третата позиција, а за четвртото место продолжува битката меѓу Работнички, Шкупи и Ренова.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 31. коло во Првата лига. 

1. АНДРЕЈА ЕФРЕМОВ (СИЛЕКС)

Квалитетен натпревар за чуварот на мрежата на кратовци кои стигнаа до значајна победа од 0-1 против Победа. Мирна мрежа за Силекс која значеше и три бода.

2. СТЕФАН КОЦЕВ (СИЛЕКС)

Одличен на десната дефанзивна позиција, но и максимално активен во средниот ред оневозможувајќи добар дел напади на противничкиот тим.

3. МАРИО МАСЛАЌ (БЕЛАСИЦА)

Сигурен, цврст, бемалку без грешка во одбраната на струмичани која успеа да извлече посакуван бод од пресметката со Вардар.

4. ДИМЕ ДИМОВ (АК. ПАНДЕВ)

Уште една квалитетна партија за централниот дефанзивец на „пандевци“. Одлична игра во одбраната која понесе сериозен товар за победата против Работнички.

5. РЕИС ЖУНИОР (ВАРДАР)

Еден од позабележителните во составот на Вардар. Беспрекорен во дефанзивата, а успеа да го донесе и израмнувачкиот погодок за бод на својот тим.

6. АРМЕНД АЛИМИ (ШКЕНДИЈА)

Квалитетната партија против Шкупи ја заокружи и со извонреден погодок во убедливата победа.

7. ДЕЈАН ТАНТУРОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Со два погодоци во првото полувреме ја најави победата на тимот против Ренова. Повеќе од значаен триумф за „лавовите“ за издвојување од тимовите кои се борат за опстанок.

8. АГИМ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)

Уште еднаш по доаѓањето во Шкендија ја покажа сета своја големина. Одлична партија, максимален креатор на играта на тимот во офанзивата, овој пат зачинет натпревар и со погодок.

9. САШКО ПАНДЕВ (АК. ПАНДЕВ)

Го отвори патот кон победата за својот тим. Важен триумф за „пандевци“ против Работнички кој беше најавен со убавиот погодок на Пандев.

10. ПЕПИ ГЕОРГИЕВ (БЕЛАСИЦА)

Во серија се запишува во листата на стрелците. На дуелот против Вардар постигна убав гол со глава кој значеше потоа и бод за струмичани.

11. ОМАР ИМЕРИ (ШКЕНДИЈА)

Дефинитивно играч на 31. коло во ПМФЛ. Постигна хет-трик со кој Шкендија се врати на победите, и тоа на убедлив начин против Шкупи.

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЈУГОСЛАВ ТРЕНЧОВСКИ (АК. ПАНДЕВ)

По претходните порази, успеа да го врати тимот на вистински начин во игра за задржување на третата позиција со повеќе од значајна победа против Работнички. Одличен натпревар за Академија Пандев кој точно знаеше како треба да се постави играта за три бода против „романтичарите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови