
Во 3. коло од Првата македонска фудбалска лига веќе се издвоија екипите кои ќе се борат за шампионската титула во новата сезона. Силекс, Шкендија и Шкупи очигледно ќе виде водечката тројка во трката за врвот пратена од Работнички, Ренова и Пелистер. Изенадувачки лош старт на двете струмички екипи. Академија Пандев и Беласица немаат ниту еден постигнат гол, ниту еден освоен бод од првите три кола.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 3. коло од сезоната 2020/2021 во Првата македонска фудбалска лига:
1. ДАВОР ТАЛЕСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Одличен на голот на Пелистер. Во неколку наврати сигурно интервенираше спречувајќи погодок во сопствената мрежа.
2. ГОРАН СИЛЈАНОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
Еден од најзабележителните во тимот на Работнички во ремито без голови со Пелистер во Битола. Активен и во нападот, опасен и по голот на „пелистерци“.
3. АЛЕКСАНДАР РИСТЕВСКИ (СТРУГА ТЛ)
Творецот на победата на стружани против Борец. Постигна ефектен гол со глава кој значеше три бода за Струга ТЛ.
4. СРЃАН ДРАШКОВИЌ (СИЛЕКС)
Беспрекорен во одбраната но и секогаш опасен по противничкиот гол за време на прекините. Стрелец и на првиот гол за Силекс со кој се најави убедливата победа од 4-0 против Вардар.
5. ДАРКО ГЛИШИЌ (ШКУПИ)
Максимално сигурен на левокрилната дефанзивна позиција во редовите на Шкупи на гостувањето против Беласица. Без грешка одигран дуел.
6. АРМЕНД АЛИМИ (ШКЕНДИЈА)
Контролор на играта на средината од теренот за Шкендија. Во главно комплетно носител на товарот на средината, на патот до триумфот против Македонија ЃП.
7. ИВАН ИВАНОВСКИ (СИЛЕКС)
Повторно еден од најактивните во тимот, стрелец и на еден од погодоците за победа над Вардар.
8. ЕС САХАЛ АБУ БАКЕР (ШКЕНДИЈА)
Влезе во игра во финишот од средбата и најзаслужниот за победата на Шкендија во Ѓорче Петров. Во соло акција изнуди луцидно удар од белата точка кој прецизно го реализираше Бесарт Ибраими.
9. ПЕПИ ЃОРЃИЕВ (СИЛЕКС)
Постојано опасен по противничкиот гол. Стрелец и на убав погодок во победата на Силекс на националната арена „Тодор Проевски“.
10. ДАРБО ДЕМБО (ШКУПИ)
Најдобриот поединец на Шкупи. Херојот кој ја донесе победата за чаирчани против Беласица во Струмица, стрелец на двата погодоци за триумф од 0-2.
11. РЕМЗИФАИК СЕЛМАНИ (РЕНОВА)
Препознатил во играта во нападот. Во раната фаза од средбата против Академија Пандев постигна убав гол по брз контранапад со кој се најави победата на „гипсарите“.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Сонот на Меси, страста на Мароко и демократијата на Катар
Светското првенство функционира секогаш и секаде. Нема ништо слично, тоа е најразновидниот настан во...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Играат добро, ама бадијала – ако не победуваат!
Каде бевте? На натпревар. Што направивте? Игравме добро. Не, не, што направивте? Резултат…Загубивме. Ама,...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Стефан Ристовски во тимот на колото во Хрватска

Евро-фудбал
„Бомба“ од Минхен: Жоао Кансело доаѓа во Баерн

Евро-фудбал
„Ел Класико“ во полуфиналето на Купот на Кралот

Евро-фудбал
„Роналдо ќе се врати да игра во Европа“

Прва лига
Тиквеш минимално го победи Феризај

Евро-фудбал
Дебакл за Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Трајковски поразен во Суперкупот на Саудиска Арабија

Евро-фудбал
Наполи ја тресна и Рома (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Монца го потопи Јувентус во Торино (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Дебакл за Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
