Откако веќе се е познато во второлигашката конкуренција околу екипите кои од следната сезона ќе играат во Првата лига, и оние кои ќе ја бараат таа можност преку баражот, изминатово 26. коло без сомнение го одбележа убедливата победа над Кит Го од 11-0 против Партизан Обршани која е највисоката во последните пет сезони во Втората лига.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 26. коло од двете второлигашки конкуренции…
1. ТРАЈЧЕ НИКОВ (КОЖУФ)
Сигурен на голот на гевгеличани во триумфот против Борец. Не дозволи гостите да дојдат до погодоци за израмнување и покрај желбата и амбициите.
2. ИВО ЏУКЛЕСКИ (СКОПЈЕ)
Еден од најактивните во составот на скопјани во победата од 1-0 против Струга ТЛ. Одличен во дефанзивата, но и активен во офанзивните акции.
3. МАРТИН ДИМОСКИ (КИТ ГО)
Сигурен, цврст, без грешка во одбраната која, објективно, немаше многу работа. Стрелец и на еден од головите во убедливиот триумф.
4. ЕСМИН ЛИЧИНА (СКОПЈЕ)
Уште една квалитетна партија за Личина. Дел од одбраната која одигра без грешка во победата од 1-0 против новиот македонски прволигаш.
5. ЕДИН МЕРСОВСКИ (КОРАБИ)
Квалитетна партија на Мерсовски, еден од најзабележителните во својот тим во гостинското реми против Гостивар.
6. ЃОРЃИ МОЈСОВ (ТИКВЕШ)
Уште една капитенска партија на Мојсов за кавадарчани. Одличен во средниот ред заокружено и со погодок во победата против Детонит јуниор.
7. МАРТИН СТОЈАНОВ (КИТ ГО)
Повторно ги потврди сите свои квалитети и на дуелот во кој пехчевци забележаа неверојатно висока победа. Стрелец и на гол во триумфот од 11-0.
8. ВАЛОН ЗЕКИРИ (ТЕТЕКС)
Творецот на победата на Тетекс од 2-1 против Генч Калемлер. Ги постигна двата погодоци за значајни три бода за „штофарите“.
9. БЛАГОЈЧЕ ГЛАВЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Лесна победа за Пелистер против Гоблен јуниор од 4-0. Главевски стрелец на два гола за триумфот.
10. АНТОНИО БУЈЧЕВСКИ (КИТ ГО)
Најрасположениот за голови кај пехчевци во триумфот од 11-0 против Партизан Обршани. За само 14 минути во првото полувреме ги постигна првите четири погодоци за Кит Го.
11. ЦВЕТАН ЧУРЛИНОВ (КОЖУФ)
Гевгеличани со 3-1 го победија новиот македонски прволигаш, тимот на Борец. А, Чурлинов стрелец на еден од головите за три бода.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ДОБРИНКО ИЛИЕВСКИ (КИТ ГО)
Кит Го, на некој начин, веќе ги почна активните подготовки за она што го очекува во следната сезона. Илиевски максимално го мотивира тимот за секој дуел, без разлика на неговата резултатска важност или не. Така беше и на дуелот против Партизан Обршани на кој пехчевци одиграа до крај ангажирано само како најава за амбициите кои се негуваат и за следната сезона.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski