
Покрај Струга ТЛ и Борец кои веќе обезбедија пласман во прволигашкото друштво следната сезона, со 25. коло од Втората лига бараж за Прва лига си обезбеди и Лабуништа која славеше против Скопје. На Истокот, Борец го доби дербито со Брегалница а Кожуф и Тиквеш ремизираа без голови.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 25. коло од двете второлигашки конкуренции…
1. ФИЛИП ЛАЗАРЕВСКИ (КОРАБИ)
Одличен натпревар за голманот на Кораби, максимално сигурен во триумфот против Пелистер на мечот во кој ја зачува својата мрежа.
2. ДАРКО СИМЈАНОСКИ (ЛАБУНИШТА)
Максимално решителен во дефанзивните задачи, сето тоа комбинирано со активна игра по десната страна и во средниот ред на својот тим.
3. ТРАЈЧЕ СТОЈКОВСКИ (БОРЕЦ)
Цврст, сигурен во одбраната на велешани кои не дозволија примен погодок на дерби пресметката против Брегалница.
4. ДЕЈАН ЛЕСКАРОСКИ (ЛАБУНИШТА)
Како и секогаш одличен во одбраната на Лабуништа, но и стрелец на еден од погдоците за триумф. Со победата против Скопје тимот стигна до обезбедено место за баражот за влез во прволигашката конкуренција.
5. КОСТАДИН ЏИНОВ (КОЖУФ)
Активен и во одбраната но и во офанзивните задачи на својот тим. Квалитетен натпревар на гостувањето против Тиквеш.
6. МАРЈАН БИЛБИЛОСКИ (ТЕТЕКС)
Уште еднаш отворено го демонстрира сиот свој потенцијал, и со гол учествувајќи во победата на гостувањето против Гоблен јуниор.
7. УЈКАН МУЧА (КОРАБИ)
Творец на победата на Кораби против Пелистер. Тимот од Дебар стигна до минимална победа со погодокот токму на Муча.
8. КЛИМЕ ДАЛЧЕСКИ (ЛАБУНИШТА)
Одличен во играта на средината од теренот за значаен триумф против Скопје. Во победата од 2-1 партиципираше и со погодок.
9. ИВАН НАСТЕВСКИ (КИТ ГО)
Најдобриот во убедливата гостинска победа на Кит Го против Плачковица. Стрелец на два гола во триумфот од 0-4.
10. СИМЕОН ХРИСТОВ (БОРЕЦ)
Борец стигна до победа од 2-0 во дерби пресметката против Брегалница. Христов стрелец на еден од погодоците за нови три бода на велешани.
11. АНТОНИО БУЈЧЕВСКИ (КИТ ГО)
Кит Го стигна до три бода со убедлив триумф против Плачковица. Бујчевски уште еднаш се запиша во листата на стрелците.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ПЕТАР ЏИГЕРОСКИ (ЛАБУНИШТА)
Лабуништа игра одлична сезона издвојувајќи се како еден од најдобрите тимови во двете второлигашки конкуренции. Лабуништа на две кола пред крајот на првенството веќе си обезбеди бараж за влез и во Првата лига. Одличен натпревар на тимот за триумф против Скопје, уште една тактички одлично подготвена партија за три бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Прва лига
Работнички се засили со Демир Имери

Евро-фудбал
Бешикташ го купува Давид Алаба?

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027
