Вардар стигна до есенската круна на еден коло пред крајот на првиот дел од сезоната благодарение на победата од 0-3 на гостински терен против Академија Пандев во Струмица. „Црвено-црните“ повеќе од заслужено завршуваат на првата позиција пред паузата издвојувајќи се пред се со желбата, борбеноста и тимскиот дух во однос на другите екипи. Шкендија и ова коло на домашен терен стигна до убедлива победа, а Силекс продолжува со натпреварите без пораз, овој пат ремизирајќи со Работнички во Скопје.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 17. коло од сезоната 2019/2020 во Првата македонска фудбалска лига:
1. ДАНИЕЛ БОЖИНОВСКИ (СИЛЕКС)
Повторно одличен на голот на Силекс. Сигурен во неколку ситуации не дозволувајќи ниту најмала можност да биде изненаден од противничките офанзивци.
2. ВЛАДИЦА БРДАРОВСКИ (ВАРДАР)
Еден од најзабележителните во таборот на Вардар на дербито во Струмица, крунисувајќи ја одличната партија и со погодок.
3. АРБЕН ТАФЕ (СТРУГА ТЛ)
Стандардно еден од најзапазените дефанзивци во македонската Прва лига. Повторно одличен во одбраната на Струга ТЛ која продолжува со натпреварите без пораз.
4. ТРАЈЧЕ СТОЈКОВСКИ (БОРЕЦ)
Столбот во одбраната на Борец. Тежок натпревар за велешани кои во поголемиот дел од мечот мораа да ја бранат предноста, но одбраната одлично си ја заврши работата.
5. СЕБАСТИЈАН ХЕРЕРА (РАБОТНИЧКИ)
Максимално активен во тимот на Работнички, со многу борба и на средината од теренот.
6. НИЈАС ЛЕНА (СТРУГА ТЛ)
И втор едноподруго натпревар еден од носителите на играта на стружани. Мотор на средината од теренот, максимално бескомпромисен во моментите кога се кршеше резултатот на мечот.
7. СТЕНИО ЖУНИОР (ШКЕНДИЈА)
Стрелец на два гола за тетовци во убедливата победа против Шкупи.
8. ДАНИЕЛ АВРАМОВСКИ (ВАРДАР)
Творецот на победата на Вардар на дербито против Академија Пандев. Стрелец на два гола, а асистираше и за третиот во триумфот од 0-3 во Струмица.
9. НИКОЛА ПРЕЛЧЕЦ (БОРЕЦ)
Донесе три бода за Борец извонредно реагирајќи на почетокот од мечот искористувајќи мајсторски една грешка во гостинската одбрана за триумф против Ренова од 1-0.
10. БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)
Најдобриот поединец во убедливата победа на Шкендија од 4-0 против Шкупи. Запиша два погодоци со кои се издвои, сега со вкупно 167 погодоци, и како најдобар стрелец во историјата на македонската Прва лига.
11. ЏЕМАЛ ИБИШИ (ВАРДАР)
Доби шанса во нападот на Вардар и тоа како ја искористи. Демонстрирајќи го сиот свој потенцијал, запишувајќи и одлична асистенција, еден од најзаслужните за победата на „црвено-црните“ во Струмица.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski