Connect with us

МАКФУДБАЛ – ТИМ НА 14. КОЛО ВО ВТОРАТА ЛИГА!

Последното коло во двете второлигашки конкуренции го одбележаа есенските круни на Пелистер на Западот и Беласица на Истокот. Двете екипи заслужено на врвот по игрите во континуитет изминативе три месеци. Во фокусот и дерби пресметката меѓу Тиквеш и Брегалница во Кавадарци која им припадна повеќе од заслужено на штипјани. Седма едноподруго победа во првенството запиша и Кит Го, а победи запишаа и Велазерими, Дрита и Охрид во западната конкуренција.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 14. коло од двете второлигашки конкуренции…

1. МУХАРЕМ АДИЛИ (ВЕЛАЗЕРИМИ)

Максимално сигурен на голот на кичевци не дозволувајќи погодок во својата мрежа, па на крајот Велазерими со еден постигнат гол стигна и до трите бода на дуелот против Кораби.

2. ФИЛИП МИЛЕНКОВСКИ (БРЕГАЛНИЦА)

Бескомпромисен на теренот во Кавадарци, со многу истрчани километри еден од најзабележителните асистирајќи и при првиот гол на својот тим.

3. ДАРКО СТОЈАНОВ (БРЕГАЛНИЦА)

Во континуитет одличен во дефанзивата, овој пат квалитетната партија заокружувајќи ја и со прекрасен гол во триумфот од 0-2 против Тиквеш.

4. ГОРАН ГАНЧЕВ (ПЕЛИСТЕР)

Одличен натпревар на централниот дефанзивец на Пелистер, максимално неутрализирајќи ги нападите на домашните фудбалери, за на крајот триумф на битолчани во Гостивар.

5. МУСТАФА ЈУСУФ (СКОПЈЕ)

Фудбалерот од средниот ред на Скопје повторно одигра квалитетен натпревар издвојувајќи се како еден од најдобрите фудбалери на тимот изминатава есен. Повторно партиципираше со гол во триумфот над Вардар Форино од 3-0.

6. АЛБИН РАМАДАНИ (ДРИТА)

Играчот од средниот ред на Дрита донесе значајни три бода со единствениот гол во победата против Лабуништа.

7. МАРТИН СТОЈАНОВ (БРЕГАЛНИЦА)

Одличен натпревар за крилниот фудбалер на штипјани. Сигурен во средниот ред, асистирајќи и за вториот гол на тимот во победата од 0-2 на дербито во Кавадарци.

8. ПЕПИ ЃОРЃИЕВ (БРЕГАЛНИЦА)

Без сомнение најдобриот поединец во составот на штипјани оваа есен. Постигна извонредно ефектен гол со глава најавувајќи ја значајната победа против Тиквеш.

9. АЛЕКСАНДАР ЃОРЃИЕСКИ (ОХРИД)

Најдобриот поединец на мечот во кој Охрид славеше со 3-2 против Кадино. Стрелец на два погодоци во победата на охриѓани.

10. МАРТИН МИРЧЕВСКИ (БЕЛАСИЦА)

Уште една беспрекорна партија на најдобриот фудбалер на Беласица. Со два гола партиципираше во победата од 4-2 против Плачковица за есенска титула.

11. АЛЕКСАНДАР ПАНОВСКИ (КИТ ГО)

Без сомнение, најдобриот во редовите на Кит Го. Пехчевци тримфираа со 3-1 против Питу Гули, а Пановски постигна прекрасен гол директно од корнер за 2-0, потоа и асистирајќи повторно од корнер за погодок на Ступиќ за конечни 3-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови