Заврши првиот круг од шампионатот во Првата фудбалска лига. Шкупи има пет бода предност пред Ренова и пред Академија Пандев, откако во дербито на колото на Чаир ја совлада Ренова со 2-1. Тоа беше петта последовна победа за тимот на Гоце Седлоски.
Шкендија исто така влезе во победнички ритам, но има уште многу да надоместува за слабиот старт, а и Брегалница покажа дека има квалитет за големи дела. Работнички влезе во резултатска криза, а Скопје направи брзо бегство од дното кон средишниот дел на табелата.
Пелистер и Тиквеш се најзасегнати околу битката за опстанок, а Македонија ЃП е можеби најголемото разочарување во првиот дел од шампионатот.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за 11.коло во Првата фудбалска лига, а го предводи стратегот на Шкупи, Гоце Седлоски.
МАКФУДБАЛ ТИМ НА 11. КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА
- ДАВИД ДЕНКОВСКИ (БРЕГАЛНИЦА)
- ЕГЗОН БЕЈТУЛАИ (ШКЕНДИЈА)
- МАРИО МЛАДЕНОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
- ДАНИЕЛ МОЈСОВ (БРЕГАЛНИЦА)
- ФРЕДИ АЛВАРЕЗ (ШКУПИ)
- ФЛОРЕНТ РАМАДАНИ (ШКЕНДИЈА)
- МАРТИН СТОЈАНОВ (БРЕГАЛНИЦА)
- МАРТИН МИРЧЕВСКИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
- НИКОЛЧЕ ШАРКОСКИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
- АЛЕН ЈАШАРОСКИ (СКОПЈЕ)
- САНДЕЈ АДЕТУНЏИ (ШКУПИ)
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ГОЦЕ СЕДЛОСКИ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal