Тиквеш не е под три постигнати гола на натпревар, ги „гази“ конкурентите и води голема битка со Брегалница за првото место на табелата во Втората лига Исток. Офанзивата е препознатлив знак на кавадаречкиот состав, а таму голем адут на тренерот Раде Цицмиловиќ е напаѓачот Симеон Христов.
Погодува од сите позиции, отвора простор и за соиграчите, учествува во секоја акција, противниците немаат дерман од него. Беше одличен на сите мечеви за Тиквеш во октомври и заслужено е избран за МАКФУДБАЛ – ИГРАЧ на месецот.
Октомври му припадна на Симе Христов, но докажувањето продолжува. Следниот предизвик за Тиквеш и Симеон Христов е неделниот меч со Плачковица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













