Тој е новата млада ѕвезда на македонскиот фудбал. Со 18 години е најдобриот играч на Работнички, блеска во полн сјај во Првата фудбалска лига и го сврте кон себе вниманието на големите европски клубови.
Игра во средниот ред, каде одговорноста е веројатно и најголема, но има полна доверба од тренерот Ратко Достаниќ, а тој ја оправдува со одлични игри. Креира шанси, дели асистенции, постигнува голови. Неговите врсници се уште се надеваат дека ќе влезат во сениорскиот тим, а тој е веќе еден од најдобрите во елитната конкуренција. Лука Станковски го заслужи епитетот МАКФУДБАЛ – ИГРАЧ НА МЕСЕЦОТ за ноември/декември.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski