Connect with us

МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА КОЛОТО: Ремзифаик Селмани (Ренова)

Ренова го зеде скалпот на актуелниот првак Шкендија. Во тетовската пресметка, „гипсарите“ го надиграа шампионот и славеа со 1-2. Одлично позиционирани на теренот, умееја да ги искористат слабите страни во играта на Шкендија и зададоа два решавачки удари.

Првиот гол беше подарок од Шкендија што го искористи Фатјон Јусуфи, а вториот беше одлична акција која во гол ја претвори Ремзифаик Селмани. Токму тој е изборот за најдобар фудбалер на второто коло во Првата фудбалска лига, според МАКФУДБАЛ.

Ремзифаик Селмани го предводи Макфудбал тимот на колото.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови