Работнички победува на негов погон. Иако најмлад, комплетно ја презеде одговорноста. Одличен во креацијата, фантастичен преглед на игра, долг чекор, сенс за проигрување, но и неверојатно чувство за погодок.
Лука Станковски е новата млада ѕвезда на Работнички, но и на Првата фудбалска лига. Неодамна наполни 18 години, а игра толку зрело, како „цел живот“ да е прволигашки фудбалер. Неговиот капацитет е многу поголем и веројатно го очекува светла иднина, во голем клуб од Лига 5 во Европа.
Двоен стрелец на мечот со Борец, шут од далечина, потоа и сенс да се биде на вистинското место за победнички погодок. Лука Станковски го заслужи изборот за МАКФУДБАЛ – ИГРАЧ на 18.коло во Првата фудбалска лига.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













