Кој и да си замине од Вардар, секогаш се наметнува друг лидер, а најтрофејниот македонски клуб успева да ја крене главата високо и кога е загрозен од силна финансиска криза. Младиот тим на Вардар оствари многу важен триумф над Академија Пандев (2-0), а главна фигура на натпреварот беше крилниот напаѓач Матеј Цветаноски.
Кога повредите го одминуваат, тој е подготвен за блескави игри, неговиот фудбалски потенцијал е неспорен. Во овој подмладен Вардар се наметнува и како едел од лидерите во составот, заедно со капитенот Дарко Мицевски, како и Виктор Велкоски, Јован Попзлатанов, искусните Дејан Блажевски, Филип Петковски.
Цветаноски одигра одличен меч против Академија Пандев, го постигна водечкиот погодок за 1-0 и создаде уште неколку одлични шанси за соиграчите. Тој е изборот на МАКФУДБАЛ за најдобар играч на 13. коло во Првата фудбалска лига.
Веќе в среда пред Цветаноски и Вардар е нов предизвик, гостување во Кратово и дуел со Силекс.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













