МАКФУДБАЛ и спортските обложувалници „Спортлајф“ продолжуваат со заедничкиот проект поврзан со Првата македонска фудбалска лига. Се што треба да направите е да типувате на полувреме-крај на дербито на колото во ПМФЛ, а доколку погодите ќе бидете во игра за една од наградите што ги доделуваат МАКФУДБАЛ и Спортлајф.
Најинтересен натпревар за денеска се очекува да биде дуелот меѓу Вардар и Работнички, големото градско дерби што ќе се игра на Националната Арена „Тодор Проески“ утре со почеток во 14 часот. И двата тима забележаа по две победи во стартните пролетни рунди, па во топ-форма ќе го дочекаат градското дерби.
Сите кои ќе погодат како ќе заврши овој натпревар со играта полувреме – крај ќе бидат во конкуренција за ваучери од Спортлајф во вредност од 200 денари.
Типувањето се врши на фејсбук страницата на МАКФУДБАЛ.
ВАЖНА НАПОМЕНА:
Од ова коло во наградната игра можат да учествуваат само оние кои имаат членски картици од СПОРТЛАЈФ. Повеќе нема да може да се користат картици на пријател, како што беше случај до минатото коло од ПМФЛ.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













