Макфудбал во Вадуц,
Македонски фанови од сите околни земји допатуваа во Вадуц да дадат поддршка на македонската фудбалска репрезентација на стартот од новиот циклус квалификации за СП 2026. Швајцарија и Австрија се многу блиску, но има и од Германија, Франција, Шведска, кои допатуваа да ја бодрат Македонија на денешниот меч против Лихтенштајн.
“Нека биде како минатиот пат”, вели Милан, кој живее во Швајцарија, а пристигна со целото семејство да го следи натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија.
Дуелот се игра од 15 часот на “Реинпарк” стадион, а Македонија ќе им оддаде почит со темни дресови и со црни маици со натпис “Кочани” на настраданите во огромната трагедија во нашата држава.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













