Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година во периодот од 21 до 26 септември ќе учествува на контролен турнир што ќе се одржи во Хрватска. Покрај нашата селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Албанија, Саудиска Арабија и на домаќинот Хрватска.
Место на одигрување на контролните натпреварите ќе биде Свети Мартин на Мура.
Првиот натпревар Македонија го игра против Албанија на 23. септември.
На 26. септември дополнително ќе биде утврдено која од селекциите на Хрватска и Саудиска Арабија ќе биде следниот противник.
Новата генерација на Македонија до 21 година во јуни месец одигра два контролни меча на домашен терен против селекцијата на БиХ. На двата натпревари избраниците на селекторот Драги Канатларовски забележаа победа со 2-1 и 1-0.
Собирот на репрезентацијата на Македонија до 21 година е закажан на 18. септември во хотел „Парк“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski