Connect with us

Македонија У18 ремизираше со Романија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години денеска го одигра првиот од двата контролни меча против соодветната селекција на Романија. На тренинг центарот „Буфтеа“, избраниците на селекторот Тони Јакимовски одиграа 1-1 против Романците.


По првите 45. минути, мрежите мируваа. Македонија се закани неколку пати посериозно по голот на домаќинот. Во 37. минута Митров има добра позиција, шутираше покрај голот на противничкиот голман. Во последната минута од првото полувреме, Саити пропушти добра можност за постигнување погодок.

Во продолжението Ливорека имаше одлична можност, но шутираше крај голот. Две минути подоцна, нова добра шанса за Македонија. Одличниот продор и додавање на Аризанковски не успеа да го искористи Митров.

Македонија сосема заслужено поведе во 65. минута. Никола Величковски беше стрелец на погодокот. Романија во 73. минута го изедначи резултатот и да ги постави конечните 1-1.

МАКЕДОНИЈА: Петар Јакимов, Хадис Таири, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Кире Стојанов, Зани Назифи, Адриан Зенделовски, Алекс Митров, Андреј Аризанкоски, Теодор Николовски, Фиктрет Ливорека;

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови