
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Босна и Херцеговина.
Нашите млади фудбалери предводени од селекторот Димитар Капинковски на денешната средба беа поразени со 1-3.

По првиот дел мрежите мируваа, и двете селекции пропуштија по неколку сериозни можности за гол.
На почетокот на второто полувреме, во 47. минута, Дин Рамиќ постигнува погодок за предност на противникот од 0-1. Бенјамин Кадириќ во 59 минута ја зголеми предноста на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Ненад Дамјаноски две минути подоцна успеа да погоди за Македонија и за момент ја врати неизвесноста на денешниот меч.
Сепак противникот со голот на Боговиќ во 83. минута успеа да ја врати предноста и да слави победа со вкупни 1-3.

Втората контролна средба помеѓу овие две селекции е закажана на 20. февруари на истиот стадион со почеток во 11 часот.
Контролен натпревар во Скопје;
Репрезентации до 18 години;
Македонија – БиХ 1:3 (0:0)
Македонија: Антониј Трајковски, Албан Рочи, Мартин Џангаровски, Матео Кесиќ, Мухамед Мустафи, Ненад Дамјаноски, Давид Ангелевски, Дитмир Хоџа, Александар Грашески, Стефан Бранковски, Дамјан Буцевски;
Резерви: Александар Трајков, Дарко Јовчев., Лорент Жаку, Стефан Стаматоски, Христијан Јевтоски, Андреј Димовски, Флорент Османи, Назиф Цека, Иво Марковски, Иван Танчев, Малик Дурак, Стефан Секирски;
Селектор: Димитар Капинковски;

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)
