Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години (фудбалери родени 2006 година) во периодот од 14 до 19 август ќе одржи тренинг камп во Кичево.
Тренинг кампот во Кичево ќе биде искористен за што подобра физичка подготовка на младите фудбалери пред претстојните предизвици.
Младата селекција предводена од селекторот Раде Каранфилоски кон крајот на август ја очекуваат два контролни натпревари против силната Турција.
Селекторот Раде Каранфилоски, за тренинг кампот во Кичево, се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Антониј Трајковски, Александар Трајков (А.П. Брера), Дарко Јовчев (Македонија Ѓ.П.);
Одбрана: Енвер Фејзуловски (Пелистер), Албан Рочи (Охрид), Мартин Џангаровски (ФФМ Академија), Стефан Стаматовски (Охрид), Ристе Стоилов (А.П. Брера), Матео Кесик (А.П. Брера), Леон Ангелески, Гемишал Рушити (Шкендија), Лорент Заку (Охрид);
Среден ред: Ненад Дамјановски (Македонија Ѓ.П.), Лука Варошановски (Победа), Давид Ангелевски (Победа), Андреј Петрески (Победа), Матео Каранфилоски (Парк), Александар Грашевски (Њу Старс), Душан Бојовиќ – Заев (Вардар), Фљори Иљази (Шкендија);
Напад: Иво Марковски (Драчево), Александар Нехтенин (Брегалница), Филип Тренов (А.П. Брера), Флорент Османи (Шкендија), Бленди Ганиу (Шкупи), Андреј Николовски;
Контролните натпревари меѓу Македонија и Турција ќе бидат одиграни на 28 и 31 август, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 17 часот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski