Connect with us

Македонија У15 поразена од Малта

Младата репрезентација на Македонија до 15 години го одигра првиот контролен меч против соодветната селекција на Малта. Избраниците на селекторот Раде Каранфиловски беа поразени со 2-0.


Македонија прва се закани по голот на противникот преку Грашевски во 5. минута. Митановски во 7. минута се најде во одлична можност, но неговиот удар во последен момент беше изблокиран.

На почетокот на второто полувреме, репрезентацијата на Малта поведе со 1-0. Македонија повторно се закани преку Грашевски, но без реализација. Во 67. минута, домаќинот успеа да го зголеми резултатот на 2-0.

Во 69. минута Стоилов ја имаше последната добра можност за Македонија.

Македонија: Антониј Трајковски, Енвер Фејзуловски, Стефан Стаматовски, Лорент Жаку, Ристе Стоилов, Матео Кесиќ, Иво Марковски, Давид Ангелевски, Стефан Бранковски, Алексанар Грашески, Илија Митановски;

Селектор: Раде Каранфиловски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови