
Макфудбал во Вадуц,
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска (15 часот) на „Реинпарк“ стадион во Вадуц го отвора новиот квалификациски циклус за Светското првенство 2026 година. Нашиот национален тим е фаворит на дуелот против Лихтенштајн, но, како што вели капитенот Енис Барди, во модерниот фудбал нема веќе фаворити на хартија, туку сѐ треба да се заслужи на теренот.
Селекторот Благоја Милевски истакна дека само максимален ангажман ќе може да се стигне до целта, а посочи и дека веќе го има во глава стартниот тим.
Македонија на денешниот меч против Лихтенштајн ќе нападне со триото Чурлинов – Миовски – Елмас. Напаѓачот на Џирона ќе ја заземе централната позиција во нападот, а Дарко Чурлинов и Елиф Елмас ќе треба да пробиваат по страничните позиции. Во средниот ред ќе бидат капитенот Енис Барди, Јани Атанасов и Исник Алими, а на бековските позиции се планирани Бојан Димоски и Езгјан Алиоски.
Централниот стоперски тандем треба да го сочинуваат Висар Муслиу и Ѓоко Зајков, а на голот е Столе Димитриевски.
Ова дефинитивно е состав кој квалитативно треба да доминира на мечот против Лихтенштајн и сите се надеваме дека нашиот национален тим ќе оствари триумф.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
