
Фудбалската репрезентација на Македонија во одличен ритам го дочекува најголемиот фаворит во групата Ј – селекцијата на Белгија. Натпреварот кој се игра вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е дел од третото коло од квалификациите за Светското првенство 2026 година.
Интересен момент е што Белгијците допрва влегуваат во циклусот и сè уште немаат одиграно натпревар, додека Македонија, по победата над Лихтенштајн и ремито против Велс, се наоѓа на првото место на табелата – ретка ситуација на почеток на еден ФИФА прозорец.
Избраниците на Благоја Милевски не знаат за пораз речиси една година – последен пораз беше пријателскиот натпревар со Чешка (2-1) минатиот јуни, и тоа по спорна пенал-ситуација. Потоа следуваше одличен настап во Лигата на нациите со пет победи, едно реми и само еден примен гол.
Натпреварот со Велс во март покажа дека македонската селекција може да се носи со реномирани репрезентации – Македонија поведе во 91. минута, но падот на концентрацијата во завршницата им донесе бод на гостите. И покрај тоа, впечатокот е позитивен.
Селекторот Милевски и овојпат се соочува со проблеми. Поради повреди од составот отпаднаа Никола Серафимов, Дарко Велковски и Лирим Ќамили, а неизвесни беа и Бојан Миовски, Исник Алими и Бојан Димоски. Сепак, македонската репрезентација и во минатото знаела да се мобилизира и да покаже дека колективната игра е нејзината најсилна страна.
Белгија, од друга страна, доаѓа со силен состав. И покрај отсуството на голманот Тибо Куртоа, селекторот Руди Гарсија има на располагање врвни фудбалери како Кевин Де Бруин, Ромелу Лукаку, Леандро Тросар, Џереми Доку, Шарл де Кетеларе, Лоис Опенда и Јури Тилеманс.
Руди Гарсија досега само двапати ја водел Белгија – и двапати против Украина во Лигата на нациите. На дебито загуби со 3-1, но во вториот натпревар со победа од 3-0 ја задржа Белгија во Лига А.
Останува да се види дали Македонија ќе успее да продолжи со позитивната серија и да приреди изненадување против еден од најсилните европски национални тимови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Италија доживеа дебакл во Осло

Евро-фудбал
Меси го напушта Интер Мајами
