
Македонската фудбалска репрезентација останува на 67. место на најновата ФИФА ранг-листа, која денеска беше објавена.
И покрај победата (0-3) над Лихтенштајн на гости и ремито (1-1) со Велс на домашен терен, „црвено-жолтите“ под водство на Благоја Милевски не успеаја да се искачат погоре, задржувајќи ја истата позиција од крајот на минатата година.
Во нашата квалификациска група за Светското првенство 2026, највисоко рангирана е Белгија, која моментално се наоѓа на осмата позиција. Велс котира на 29. место, Казахстан е далеку назад на 113., додека Лихтенштајн е најслабо пласиран, закован на 205. позиција.
На врвот на листата нема промени, Аргентина останува водечка сила, пред Шпанија и Франција. Во елитното друштво на топ 5 селекции влегуваат уште Англија и Бразил.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
