Connect with us

Македонија ќе патува на ЕП како 62. сила од ранкингот на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 62.место на рангирањето на ФИФА за најдобрите светски селекции. Со овој ранкинг „црвено-жолтите“ ќе патуваат на Европското првенство – најголемиот предизвик во историјата за нашиот национален тим.

Нашите ривали во групата на ЕП се подобро рангирани на ФИФА – листата. Холанѓаните се наоѓаат на 16. позиција, Австрија е рангирана на 23. место, додека Украина веднаш зад неа во рангирањето.

Нема никакви промени во првата „десетка“. Белгија е на првото место на ранкингот на ФИФА, пред Франција и пред Бразил. Потоа следуваат Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Аргентина, Уругвај и Данска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови