Претставници на фудбалските aсоцијации на Македонија, Италија, Португалија и на Турција, учесници во бараж натпреварите за пласман на Светското првенство 2022 одржаа on-line состанок на кој беше разговарано за организациските предизвици за дуелите во март следната година.
Македонија во Палермо на 24. март против Италија ќе го одигра првиот натпревар за место во финалето за пласман на Мундијалот во Катар 2022 година. Според правилникот, нашата федерација ќе може да смета на близу 1.300 влезници (пет проценти од вкупниот капацитет на стадионот „Ренцо Барбера“.
Нашата репрезентација ќе биде гостин и на евентуалниот финален натпревар доколку успееме сензационално да го победиме Европскиот првак, Италија.
Вториот бараж меѓу Португалија и Турција ќе се одигра на „Драгао“ во Порто, а доколку португалците обезбедат финале, мечот за пласман на Светскиот куп повторно ќе го играат на стадионот во Порто. Во случај Турција да ја совлада Португалија, Турската фудбалска Федерација го одреди стадионот на Коњаспор за домаќин на финалето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













