
Македонскиот прволигаш Македонија ЃП испрати „реплика“ на ставот на Тиквеш за лошото судење на мечот во Ѓорче Петров. Раководството на „лавовите“ не дозволува да се омаловажува постигнатиот резултат со реакција кон судиите.
Во соопштението на Македонија ЃП, се вели:
Вчерашниот натпревар со ГФК Тиквеш се одигра во крајно фер и спортска атмосфера и затоа сме изненадени од нивната реакција со која го омаловажуваат нашиот труд и нашиот успех на тој натпревар.
Црвениот картон кој го добија е поради грешка само на нивниот играч, кој како последен играч играше со рака и спречи очигледна шанса за гол.
Асистентите кои беа делегирани на натпреварот се едни од нашите најдобри со големо меѓународно искуство и местото каде што живеат воопшто не игра улога на тоа како судат.
Да оставиме на Судиската организација да си ја врши работата бидејќи тие се најстручни да го коментираат судењето.
Се надеваме дека оваа реакција на ГФК Тиквеш е непромислена и без лоша намера но ние како клуб мора да го заштитиме нашиот углед кој го градиме со чесно работење и вложување поготово во последните неколку години како стабилни прволигаши секогаш во борба за позициите кои водат во Европа.
ФК Тиквеш и понатаму ќе биде почитуван од нас и покрај овој непрофесионален потег.
Спортски поздрав,
ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
