
Во Цирих денес напладне ќе се одржи ждребот за квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули 2026 година. Нашата репрезентација ќе ја очекува ждрепката од третиот шешир.
На ждрепката во Цирих ќе присуствуваат селекторот Благоја Милевски и актуелниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини.
Квалификациите за СП 2026 ќе започнат во март или наесен, во зависност од тоа дали ќе бидеме во група со четири или пет селекции, што е поврзано со баражите од Лигата на нациите.

Ќе има вкупно 12 групи, а само победниците од секоја група ќе се пласираат директно на Светското првенство. Второпласираните 12 репрезентации, заедно со четирите најдобри од Лигата на нациите, ќе играат баражи за преостанатите места.
Македонија, во квалификациите за СП 2022, успеа да заврши како второпласирана во групата зад Германија, што ѝ овозможи да игра бараж. Ја совладавме Италија, но во финалниот бараж бевме поразени од Португалија.
Шешири пред ждрепката
ШЕШИР 1:
Франција, Шпанија, Англија, Португалија, Холандија, Белгија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска, Австрија.
ШЕШИР 2:
Украина, Турција, Шведска, Велс, Полска, Унгарија, Србија, Грција, Романија, Норвешка, Словачка, Чешка.
ШЕШИР 3:
Шкотска, Словенија, Република Ирска, Албанија, МАКЕДОНИЈА, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Израел, БиХ, Црна Гора.
ШЕШИР 4:
Бугарија, Луксембург, Белорусија, Ерменија, Косово, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Фарски Острови, Летонија, Литванија.
ШЕШИР 5:
Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн, Сан Марино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal