
МАКФУДБАЛ во Малта,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија забележа победа над Малта (0-2) на гости во Ла Валета и се враќа во игра за бараж за ЕВРО 2024. Тоа е втор триумф за македонскиот национален тим и се надоврза на ремито (1-1) против Италија во Скопје. Стрелци на головите за Македонија беа Елиф Елмас во петтата минута и Јован Манев во 41.минута од мечот.

Македонската репрезентација имаше апсолутна контрола на сите случувања на теренот, како и на резултатот на дуелот во Ла Валета. Првпат Македонија играше со црни дресови, а првпат стартер беше играчот од средниот ред Исник Алими.
Елиф Елмас уште во петтата минута донесе водство за Македонија. Тој се одлучи на удар откосо од левата страна и погоди во спротивниот агол. Малта делуваше безопасно, а капитенот Енис Барди се закани од слободен удар, но неговиот шут голманот Хенри Бонело го скроти на гол-линијата.

Пред крајот на првиот дел, во 41.минута, Барди изведе корнер, а Јован Манев се најде на вистинското место во петерецот и со удар со глава ја затресе мрежата на Малта. Тоа е негов дебитантски погодок во сениорскиот национален тим.

Во 67.минута, по една одлична акција во која учествуваше речиси целиот тим, Алиоски шутираше откосо од левата страна и го погоди дирекот од голот на Малта.
Во финишот од мечот, повреда заработи дефанзивецот Ѓоко Зајков, кој на носилки беше изнесен од теренот, а на негово место во игра влезе Никола Серафимов.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Голем пресврт на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Шчесни го спаси Јувентус од пораз во Бергамо
