Македонската фудбалска репрезентација го очекува баражот за пласман на следното Светско првенство, а во меѓувреме ФИФА ги објави информациите за ждрепката за групната фаза, која ќе биде одржана на 5 декември.
На наредниот Мундијал ќе учествуваат рекордни 48 национални тимови. Македонија најпрво ќе мора да ја елиминира Данска, а потоа, во случај на победа, ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Чешка и Ирска за да избори прво историско учество на Светско првенство.
Ако ја оствари оваа многу тешка цел, Македонија ќе биде поставена во четвртиот шешир и ќе добие силни ривали во групата. Нашата селекција нема да може да биде извлечена со ниту еден од другите тимови кои се квалификуваат преку УЕФА плеј-офот, ниту пак со репрезентациите на Јордан, Капо Верде, Гана, Курасао, Хаити и Нов Зеланд, кои исто така се во четвртиот шешир.
Белгија, со која Македонија играше во квалификациите, се најде во првиот шешир. Таму се и домаќините Канада, Мексико и САД, како и селекциите на Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија и Германија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













