Maкедонскиот стратег Влатко Андоновски има волшебен почеток на селекторската кариера со женската фудбалска репрезентација на САД. Тој со триумфот на пријателскиот меч против Холандија (0-2) стигна до 11.последовна победа, што е најдобар старт на еден селектор во историјата на американскиот женски фудбал.
Андоновски пред повеќе од една година беше назначен за селектор на женската фудбалска репрезентација на Соединетите Американски Држави. Неговиот избор беше поддржан од сите најдобри американски фудбалерки, а сега само го потврдува квалитетот.
Тој одисејата на кормилото на САД ја почна со победа против Шведска (3-2), а потоа се редеа победи против Јужна Кореја (6-0), Хаити (4-0), Панама (8-0), Костарика (6-0), Мексико (4-0), Канада (3-0), Англија (2-0), Шпанија (1-0), Јапонија (3-1) и против Холандија (2-0).
Андоновски ужива во својот успех и го подготвува тимот за следните предизвици.
Still perfect ? Vlatko Andonovski moves to 11-0 as U.S. Soccer WNT Head Coach, the best start in team history ??
Posted by FOX Soccer on Friday, November 27, 2020
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski