Connect with us

Мајорка украде бод на гости кај Севилја (ВИДЕО)

Севилја беше на чекор до освојување на трите бода против Мајорка, но гостите успеаја да израмнат во судиското продолжение и да заминат со бод од „Рамон Санчез Писхуан“. Натпреварот заврши нерешено 1-1.

Домашниот тим поведе во самиот финиш на првото полувреме, кога Кике Салас ја затресе мрежата на Мајорка во 45. минута. Салас имаше уште една одлична можност во 61. минута, но неговиот удар заврши малку над голот.

Мајорка се обидуваше да дојде до израмнување преку Роберт Наваро, а конечно во 91. минута тоа им успеа. Мартин Ваљент искористи лоша комуникација во одбраната на Севилја и грешка на голманот Орјан Ниланд, казнувајќи го невниманието на домаќините со погодок за 1-1.

Со овој резултат, Севиља не успеа да се пробие на деветтата позиција, додека Мајорка освои важен бод во борбата за опстанок во Ла Лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови