Connect with us

Мајкл Антонио успешно опериран по страшната сообраќајна несреќа

Напаѓачот на Вест Хем, Мајкл Антонио, успешно е опериран откако се здоби со сериозни повреди по страшната сообраќајна несреќа што ја имаше во текот на вчерашниот ден.


По ова, јасно е дека тој ќе се соочи со подолг период на рехабилитација и отсуство од фудбакските терени.

„Можеме да потврдиме дека Мајкл Антонио денеска беше подложен на хируршка интервенција заради скршеници на долните екстремитети, здобиени за време на сообраќајната несреќа во саботата. Тој моментално се наоѓа во болница, каде што неговата состојба се следи од страна на медицинскиот тим.

Сите во клубот му посакуваме на Мајкл брзо и успешно закрепнување. Воедно, сакаме да изразиме огромна благодарност до целокупното фудбалско семејство за поддршката што ја добиваме од вчера, како и до дежурните служби кои реагираа брзо и му пружија помош на Антонио веднаш по несреќата. Благодарни сме и на медицинските лица кои продолжуваат да се грижат за неговата рехабилитација“, соопшти Вест Хем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови