Connect with us

Махрез преговара за трансфер во Ал-Ахли

Саудискиот клуб Ал-Ахли работи на доведување на Ријад Махрез од Манчестер Сити. Тоа значи дека би станал нов соиграч на Езгјан Алиоски кој повторно е во клубот по едногодишната позајмица во Фенербахче.

Преговорите со играчот напредуваат и Алжирецот е подготвен да ја прифати понудата, но Сити се уште чека официјална понуда за својот крилен напаѓач.


Преговорите меѓу клубовите ќе се водат следната недела.

Махрез нема ништо против да ги следи фудбалерите кои ја напуштија Европа ова лето и се преселија во Саудиска Арабија за огромни пари. Пазарот таму прв го отвори Кристијано Роналдо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови