
Македонија може многу кога сите играат сплотено и со вистински емоции. Со десетмина фудбалери, откако беше исклучен Ѓоко Зајков во последните мигови од првото полувреме, Македонија успеа да даде два гола и да оствари голем триумф (2-0) против Ерменија во вториот меч од новиот циклус во Лигата на нации.
На арената „Тодор Проески“, конечно видовме победничка Македонија, и репрезентативци кои покажаа дека навистина им е важно да покажат колку знаат и да ги негираат оние кои предвреме ги отпишаа.
Enis Bardhi hunts Armenia with this great freekick!
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 10, 2024
pic.twitter.com/JDB37TGlav
Капитенот Енис Барди постигна магичен гол од слободен удар во 70.минута. Тој упати вистински проектил од 25 метри, а ерменскиот голман Огнен Чанчаревиќ не можеше ниту да трепне додека топката ја затресе неговата мрежа.

Девет минути подоцна, Бојан Миовски изведе бравура, од десната страна нанижа неколку противнички фудбалери, упати удар и вторпат се тресеше мрежата на Ерменците.
⚽️ Bojan Miovski | North Macedonia 2-0 Armenia
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 10, 2024
pic.twitter.com/PZgVZrZGp7
Македонија речиси секогаш мора да оди по потешкиот пат. Во втората минута се повреди Дарко Чурлинов, а иако создадоа неколку шанси македонските фудбалери не успеаја да обезбедат водство по првиот дел. Елиф Елмас беше блиску, потоа и Барди и Давид Бабунски, но имаше многу среќа Ерменија.
Згора на сѐ, Ѓоко Зајков доби два жолти картони во период од четири минути и беше исклучен.
Но, Македонија покажа голема храброст, инает, а секако и квалитет во второто полувреме. Барди и Миовски со прекрасни голови ја крунисаа добрата игра и сега конечно има малку повеќе задоволство, по лошиот старт и ремито (1-1) против Фарски Острови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
