
Реал Мадрид славеше минимална победа од 1-0 против Атлетик Билбао на „Сантијаго Бернабеу“ во натпревар од 30. коло на шпанската Ла Лига. Со овие три бода, мадридскиот тим останува во трка за шампионската титула, зад лидерот Барселона.
Иако натпреварот понуди борбена и неизвесна игра, одлуката падна дури во судиското надополнување. Херој на „кралскиот клуб“ беше Уругваецот Федерико Валверде, кој во 93. минута постигна извонреден погодок. По еден отскокнат топка во шеснаесетникот, Валверде со силен удар ја смести во спротивниот агол од голот на Билбао и ги постави конечните 1-0.
🚨🇪🇸 GOAL | Real Madrid 1-0 Athletic Club | Valverde
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) April 20, 2025
WHAT A FANTASTIC GOAL FROM VALVERDE !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/ZbAoLm0EDx
Претходно, не беше признат погодок на Винисиус Жуниор во 80. минута, кој беше поништен поради минимален офсајд на Ендрик при акцијата.
Со оваа победа, Реал Мадрид има 69 бода, четири помалку од водечката Барселона. Во наредното коло, „кралевите“ ќе гостуваат кај Хетафе, каде што ќе се обидат да останат во чекор со лидерот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
