Connect with us

Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен

Лукас Васкез има ново поглавје во својата кариера. Искусниот шпански фудбалер ќе му се приклучи на Баер Леверкузен како слободен агент, откако летово му заврши договорот со Реал Мадрид. 34-годишниот крилен играч веќе успешно ги поминал медицинските прегледи и во текот на денот треба да стави потпис на договор со „аспирините“.


Шпанска „Марка“ открива дека соработката ќе биде на две години.

Васкез имаше бројни понуди – од Саудиска Арабија, Катар, Турција, па дури и од својот поранешен клуб Депортиво Ла Коруња, но сепак реши да ја продолжи кариерата во Бундес-лигата. Баер Леверкузен ќе биде само трет клуб во неговата професионална биографија, по Реал Мадрид и Еспањол, каде што настапуваше како позајмен во сезоната 2014/15.

„Кралскиот клуб“ уште во јули објави дека Лукас Васкез ќе замине по една деценија во првиот тим. Реал Мадрид организираше специјална церемонија за да се збогува со еден од своите ветерани и легенди, кој за време на својата кариера во „Сантијаго Бернабеу“ освои вкупно 23 трофеи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови