
Англискиот премиерлигаш Њукасл ги доби најбогатите сопственици во светот на фудбалот, но и покрај тоа се уште не може да привлече квалитетни засилувања во тимот. Причината е претпоследната позиција на табелата во Премиер – лигата и заканата за испаѓање од елитата. Њукасл досега освои само десет бода и со Норич е најслаб тим во лигата, но Вотфорд кој е над опасната зона бега само три бода.
Сепак, големите имиња засега не ги прифаќаат понудите на Њукасл. Бразилскиот репрезентативец Лукас Пакета, кој е член на францускиот Лион, одби лудо добра понуда за да се пресели во овој клуб. Раководството на клубот му понуди годишна плата од преку 10 милиони евра за да се пресели на „Сент Џејмс парк“. Но, Пакета се заблагодарил на понудата и одлучи засега да остане во редовите на Лион.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
