Напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку, заедно со клубот донел заедничка одлука да не се подложува на операција поради тешката повреда на левиот бутен мускул што ја заработи при победата со 2-1 во пријателскиот натпревар со Олимпијакос минатата недела, пренесуваат италијанските медиуми.
По деталните медицински прегледи, било решено Лукаку да мине низ конзервативен третман кој ќе трае 3-4 месеци. Поради овој долг период на опоравување, клубот одлучил воопшто да не го вклучи белгискиот репрезентативец на списокот на регистрирани играчи за групната фаза од Лигата на шампионите.
Најверојатно, до крајот на тековниот преоден рок, италијанскиот шампион ќе донесе замена за својот најдобар стрелец од минатата сезона, при што во последните денови тимот постојано се поврзува со разни напаѓачи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













