
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, зборуваше пред вечерашното гостување на неговиот тим против Милан во Лигата на шампионите.
„Оптимист сум пред натпреварот. Против тежок противник на легендарниот стадион, може да испадне многу важна вечер за сите тимови во групата. Оптимист сум бидејќи гледам дека играчите едвај го чекаат овој натпревар. Мора да заборавиме на првиот меч (победи ПСЖ со 3-0), ќе биде сосема поинаков меч, иако можеме да го искористиме за анализа и подготовка. Имаме многу јасна идеја за тоа што сакаме да направиме: да ја земеме топката и да создадеме повеќе шанси. Тие се многу силен противник, со митско минато и историја и им требаат бодови во оваа група“, изјави Шпанецот.
Луис Енрике ја коментираше и ситуацијата со Џанлуиџи Донарума, кој се очекува да биде екстремно непријателски пречекан од навивачите на неговиот поранешен тим Милан.
„Заедно се смеевме за тоа. Тој веќе играше овде за време на меѓународниот натпревар меѓу Италија и Шпанија и јас бев на клупата спроти него. Ова често се случува во фудбалот, слична ситуација кога љубовта се претвора во омраза. Мора да го надминете тоа и да не го гледате како дополнителна тешкотија. Тој се подобрува во сите сегменти, не само во работата со нозете. Ќе бидам среќен на крајот на сезоната доколку секој од играчите се подобри поединечно“, истакна Луис Енрике.
Посебно го пофали младиот 17-годишниот играч од средниот ред Ворен Заир-Емери.
„Тој е дијамант. Сè уште е многу млад. Има способност да игра со соиграчите, знае каде да се позиционира, каде се другите, како да се движи според движењата на другите. Лесно е да тренираш играч како него. Скромен е, има 17 години, има многу добро образование и тоа несомнено е наследство на неговите родители, најдоброто наследство што можете да го оставите“, истакна тренерот на ПСЖ.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Саудиска Арабија ќе сфати дека фудбал не се прави само со пари
Саудиска Арабија е богата со пари и амбиции. Престолонаследникот Мохамед бин Салман вели дека...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна и Арсенал (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Мјуриел го „смрзна“ Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Црвена Звезда урна рекорд на Реал Мадрид

Евро-фудбал
Бод за Реал на гости кај Бетис (ВИДЕО)

Интернационалци
Миовски го најави пресвртот на Абердин

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна и Арсенал (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Арсенал се вклучува во трката за Палиња

Евро-фудбал
Барселона нема да продава играчи оваа зима

Евро-фудбал
Мјуриел го „смрзна“ Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Клоп повторно ќе купува од Бундес-лигата

Евро-фудбал
Јувентус му подготви нов договор на Рабио

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна и Арсенал (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Мјуриел го „смрзна“ Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Бод за Реал на гости кај Бетис (ВИДЕО)
