Connect with us

Луис Енрике: Сѐ уште сме живи и никој не би го посакал ПСЖ во осминафиналето

Тренерот на францускиот клуб Пари Сен Жермен, Луис Енрике, чиј тим заврши на второто место во групата Ф од Лигата на шампионите, смета дека не постои тим што би ги посакал парижаните за противник во осминафиналето.


Пари Сен Жермен ремизираше 1-1 на гостувањето кај Борусија Дортмунд. Германците ја освоија групата со 11 бодови. Францускиот тим остана второпласиран со 8 бода, но го прескокна третопласираниот Милан, кој исто така собра 8 бода.

„Сè уште сме живи. Резултатот меѓу Њукасл и Милан во Англија беше многу добар за нас“, истакна Енрике.

На возраст од 17 години и 280 дена, Ворен Заир-Емери од Пари Сен Жермен стана најмладиот француски играч кој постигнал гол во Лигата на шампионите. Тој го постигна израмнувачкиот гол за гостите во 56. минута.

„Среќни сме, но знаеме дека можевме подобро. Нашата цел беше првото место, но сепак сме среќни што на крајот завршивме втори. Игравме добро, но фудбалот понекогаш е таков – топката едноставно не сака да влезе“, изјави Заир-Емери за телевизијата „Канал +“.

Дефанзивецот на ПСЖ, Маркињос, додаде дека е важно што тимот се пласира во следната фаза.
„Остануваме реални. Ќе се подготви уште подобро бидејќи нѐ чекаат големи противници. Важно беше да го подобриме нашиот настап како гости“, истакна Маркињос.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови