Connect with us

Луис Енрике нема да го носи Де Хеа на СП во Катар

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Енрике наскоро треба да го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета на Светското првенство во Катар, а шпанските медиуми пишуваат дека тој веќе донел одлука за изоставување на една од најголемите ѕвезди на „црвената фурија“.


На почетокот на следниот месец Енрике ќе го објави списокот со играчи кои ќе настапат во Катар, а како што пишува „АС“, постојат големи шанси на него да не се најде голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа. Тој нема да биде ниту на поширокиот список од 55 потенцијални патници за Катар.

Енрике и Де Хеа веќе некое време не се во најдобри односи бидејќи овој голман го загуби местото во стартниот тим во репрезентацијата, а прв голман веќе извесно време е Унаи Симон.

Де Хеа се пожали на тоа по Европското првенство минатата година, но тоа не му донесе ништо. На крајот очигледно беше исфрлен од сите комбинации и како што стојат работите Мундијалот ќе се следи на ТВ екраните.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови