Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Луис Дијаз, доби суспензија од три натпревари поради црвениот картон што го заработи на дуелот со ПСЖ во Лигата на шампионите. Според „Билд“, оваа одлука на дисциплинската комисија на УЕФА непријатно го изненадила раководството на Баварците, кое очекувало стандардна казна од еден натпревар.
Од „Алијанц Арена“ побарале од УЕФА писмено образложение за одлуката за да можат да поднесат жалба.
Доколку Баерн не успее да ја намали казната на Луис Дијаз, тоа ќе значи дека тимот ќе биде без Колумбиецот на натпреварите против Арсенал, Спортинг Лисабон и Ројал Унион Сен Жил.
Луис Дијаз е во одлична форма од почетокот на сезоната: постигна 11 гола и запиша пет асистенции во сите натпреварувања. На мечот против ПСЖ (2-1) ги постигна двата гола за својот тим, но беше исклучен токму пред полувремето поради бесмислен и многу груб прекршок врз Ашраф Хакими.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













