Фудбалерите на Динамо Загреб се вратија во главниот град доцна во ноќта, откако го совладаа големиот ривал Хајдук со 1-3 во Сплит во дербито на хрватскиот шампионат. Натпреварот од 33. коло на Суперспорт ХНЛ беше од клучно значење во битката за титулата, а „модрите“ со оваа победа повторно се искачија на врвот на табелата, само три кола пред крајот на сезоната.
Головите за Динамо ги постигнаа Ронел Пјер-Габриел (51’), Сандро Куленовиќ (64’) и Петар Сучиќ (101’), додека единствениот погодок за Хајдук го постигна капитенот Марко Ливаја во 56. минута.
Со освоените три бода, Динамо сега има 58 бодови, два повеќе од Ријека и Хајдук. Сепак, Ријека има натпревар помалку и со евентуална победа над Горица може повторно да го заземе првото место. Динамо, пак, има предност што сите преостанати три натпревари ќе ги одигра на домашен терен на „Максимир“.

Триумфот на „Пољуд“ беше бурно прославен со илјадници навивачи, и на трибините во Сплит и по враќањето во Загреб. Поддржувачите на Динамо – „Бед Блу бојс“ – ја исполнија југозападната трибина во Сплит, а потоа ги пречекаа хероите со песна, аплаузи и факели на стадионот во Загреб.
Посебен момент се случи кога Стефан Ристовски излезе од автобусот – навивачите започнаа да пеат: „Една Торцида ќе плаче оваа ноќ…“
Сите фудбалери беа пречекани со скандирања, а најголемите овации ги доби Сандро Куленовиќ, кој повторно постигна клучен гол на „Пољуд“, како и минатата пролет.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













