Connect with us

Лудило на „Месталја“: Винисиус го спаси Реал од пораз, а судијата му „скина“ победа во последниот напад (ВИДЕО)

Валенсија и Реал Мадрид одиграа неверојатно возбудлив дуел на „Месталја“ кој заврши 2-2. „Кралевите“ можат да му заблагодарат на Винисиус Жуниор што извлекоа бод, но во последниот напад, судијата Хесус Хил Манцано отсвири крај кога беше испратен центаршут кон Џуд Белингам, а тој со удар со глава постигна гол за победа.

Сепак, не беше признат, Манцано тврдеше дека мечот завршил неколку моменти претходно, па се случи голема мешаница и нервоза меѓу фудбалерите на двата тима. Тогаш на Белингам му беше покажан и црвен картон.

Валенсија имаше водство од 2-0, со головите на Хуго Дуро во 27.минута и на Роман Јаремчук во 30.минута.

Винисиус Жуниор намали непосредно пред одморот, а потоа и израмни на 2-2 во 76.минута од дуелот.

Пред крајот на натпреварот, тешка повреда заработи дефанзивецот на Валенсија, Муктар Дијакаби, кој на носилки беше изнесен од теренот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови