Динамо Загреб оствари убедлив триумф (1-4) на гости против Слован Братислава и стигна до седум освоени бода во Лигата на шампионите. Стефан Ристовски беше капитен на Динамо и го одигра целиот меч, а Аријан Адеми влезе во второто полувреме од дуелот.
Давид Стрелец во петтата минута донесе водство за Слован Братислава, а Дарио Шпикиќ израмни само пет минути подоцна. Петар Сучиќ во 30.минута се погрижи за пресврт, а до крајот на мечот Динамо постигна уште два гола преку Сандро Куленовиќ.
Бојан Миовски и Џирона доживеаја убедлив пораз од 4-0 на гости против ПСВ Ајндховен. Македонскиот репрезентативец повторно немаше среќа за премиерен гол во ЛШ и погоди статива, а во 64.минута беше заменет од Стуани.
Џирона имаше и црвен картон, па ПСВ тоа го искористи за убедлива победа. Фламинго и Тилман донесоа водство од 2-0 по половина час игра, а во второто полувреме стрелаше и Бакајоко и Крејчи си постигна автогол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати













